НОВО ИНТЕГРИРАНО ЦАРИНСКО РАБОТЕЊЕ

Во апликацијата за  Ново Царинско Работење (CICR) постојат следните модули:

  • Увозни декларации
  • Извозни декларации
  • Транзитни декларации
  • Збирни декларации
  • Царински фактури
  • Други документи

Во новата апликација се работи на начин така што, по изработување на документот се
потпишува со електронски потпис кој потоа директно се праќа во Царина преку нивните CDEPS и EDI сервиси каде што софтверот комуницира со електронска размена на пораки.

Модулот за Увозни/Извозни декларации овозможува изработка на увозни/извозни декларации, трансфер на податоци од и во CDEPS со можност за нивна промена, додавање на нови декларации со дуплирање на веќе изработена декларација, со вчитување на налог за царинење или со искористување на една или повеќе внесени Царински фактури, печатење на декларација и останати потребни документи, комуникација со апликацијата за Евиденција на состојба на гаранција (подготовка на податоци за задолжување на гаранција во случај на одложено плаќање на давачки) Дополнителни опции се: експорт на податоци за апликацијата за Комерцијални фактури кои што може да бидат директно поврзани со изработени декларации, да се пресметуваат влезни трошоци, да се користат соодветни услуги, евиденција и поделба по позиции за проверка на успешност и сл., за Царински склад и овластен примач и испраќач, генерирање на дополнителна (IMZ) декларација од повеќе привремени (IMG) декларации при работа во поедноставена постапка Локално царинење.

Модулот за Транзитни декларации овозможува изработка на транзитни декларации, трансфер на податоци од и во НКТС со можност за нивна промена, додавање на нови декларации со дуплирање на веќе изработена декларација, печатење на декларација и останати потребни документи, изработка на Товарница поврзана со декларацијата.

Модулот за Збирни декларации овозможува изработка на збирни декларации, трансфер на податоци  во CDEPS со можност за нивна промена, додавање на нови декларации со дуплирање на веќе изработена декларација или со превземање од Царински склад и Овластен примач, печатење на декларација и останати потребни документи.

Модулот за Царински фактури е наменет за олеснување на формирањето на декларација (увозна или извозна) од добиена фактура од клиент. Оваа опција е погодна за предмети кај кои се царини бројна и разновидна стока на една декларација бидејки апликацијата овозможува автоматско формирање на наименуванија од внесените ставки, со соодветно сумирање на квантитативните податоци. Корисникот ги внесува податоците од фактурата ставка по ставка. По завршување на внесот на фактурата, со една наредба, од внесената фактура на корисникот му се прикажува увид во начинот на кој ќе се формираат наименуванијата, при што е овозможено делумно трошење на ставките од фактурата со кое при наредното генерирање на декларација од фактура, на располагање ќе биде само остатокот од ставките. Резултат е речиси целосно подготвена декларација.

Во  CICR покрај разните видови декларации опфатени се и документите EUR.1, CMR, Certificate of Origin (сертификат за потекло), Товарница (која беше спомната претходно кај транзитните декларации), Спецификација за збирна стока, Спецификација за возила, Спецификација за камиони, Вирмани, Влезен ветеринарен документ, разни барања, спецификации и известувања. Најголем дел од наведените документи можат да се изработуваат како независни документи или поврзани со увозни, извозни или транзитни декларации соодветно доколку се изработуваат преку декларација.

Опцијата Азбучник служи за олеснување на тарифирањето на стока во било кој од претходно наведените модули. Во зафатот на податоци опфатени се: преведен опис на стока, оригинален опис како што е наведен во фактура, тарифен број, каталошки број и фирма издавач на каталогот, потекло и преференцијал. Во Азбучникот корисникот може еднократно, при првото тарифирање на одреден вид на стока, да ги внесе соодветно податоците, а потоа при тарифирање на иста или слична стока само да го користи стекнатото знаење пребарувајки по некој од податоците. Со избор на некој запис од Азбучникот автоматски се пополнуваат тарифниот број и сите останати податоци од Азбучникот во ставката на фактурата или наименуванието на декларацијата.