Апликацијата за Евиденција за поедноставенa постапкa Овластен Испраќач е наменета за лесно и прегледно водење на евиденција за стоки ставени во транзитна постапка, кои се превмени од просториите за повеќекратно привремено чување и/или царински склад, согласно ЦЗ и УСЦЗ во Р. Македонија.
Евиденцијата ги содржи сите основни податоци за идентификација и утврдување на природата на стоките, со што овозможува царинската администрација, а особено појдовниот царински орган, да има целосен увид врз статусот на стоката од започнувањето на транзитната постапка до нејзиното завршување.
При приемот на стоката овозможено е да се испечати Известување до надлежниот Царински орган и/или надлежната Царинарница за ставање на стока во транзитна постапка.
Внесувањето на стоката во евиденцијата на Овластен Испраќач може да се врши со рачно внесување на податоците од транзитна декларација за стоката која ќе биде ставена во транзитна постапка, или пак, со превземање на експортирани податоци од транзитната декларација изработена во апликацијата Интегрирано Царинско Работење (ИЦР) и нивно дополнување со податоци потребни за евиденцијата на Овластениот Испраќач.
Апликацијата нуди повеќе извештаи за увид во евиденцијата на Овластениот Испраќач: