Нашата апликација за финансиско работење е-ФИК е револуционерен програм за ефикасно финансиско книговодство во кој комплетно се покриени потребите на стандардното книговодство во Македонија, овозможува автоматско книжење на данок, детална даночна анализа и добивање на готов ДДВ04 образец за УЈП, паралелна обработка на податоци во денари и евра по дневен курс, комплетно девизно работење со подготовка на КИП и КИО обрасците за НБМ, автоматско и рачно затворање на побарувања и плаќања, салдирани плаќања, можност за креирање на сопствени модели на биланс на состојба и биланс на успех, употреба на економски единици и места на трошок при книжење…
ВЛЕЗ Целокупниот внес на податоци во апликацијата се одвива на едно место, со опцијата за внес на налог. Овозможено е книжење на конто со противконто со еден чекор со автоматска пресметка на данок за контата кои претставуваат даночна основица. Олеснето е затворањето на фактури со можноста за распределба на плаќањата при самиот внес. Апликацијата врши автоматско затворање на фактури при книжење на налог, а овозможено е и рачно затворање со избор на конто и корисник. Вградено е и девизно работење.
ИЗЛЕЗ Апликацијата има екстензивен сет на извештаи и анализи. Сите прегледи кои ги нуди апликацијата се со избор на македонски и на англиски јазик.