Нашата софтверска програма за материјално работење претставува комплексно решение што опфаќа преку 100 видови на документи, обезбедувајќи прием на роба, дистрибуција, преработка и издавање на фактури. Ова решение е целосно прилагодено за потребите на компаниите кои се занимаваат со:

  • Трговија на големо и мало во земјата и во странство
  • Управување со бензински станици и маркети
  • Сектор на угостителство
  • Производствен сектор
  • Услужни дејности

Софтверот ги задоволува интересите на сите нивоа на организацијата, вклучувајќи ги магационерите, продавачите, материјалните книговодители и шефовите на сметководство.

Главните карактеристики на овој софтвер вклучуваат:

  • Брзо и лесно внесување на податоци со минимална употреба на глувче со што се зголемува ефикасноста на работењето, како и можност за работа со баркод
  • Подеднаква можност за обработка на материјали и услуги
  • Можност за задолжување на магацин преку испратница без пари и дополнителна обработка на цени од фактура
  • Можност за печатење на една излезна фактура со избор на ставки од повеќе претходно изработени испратници
  • Класификација на материјали и услуги која се користи во сите извештаи, залихи и пописи.
  • Обработка на рабат во продавница со автоматска нивелација на задолжението
  • Можност за автоматска изработка на повратница (програмот ги нуди документите со кои робата била примена/издадена)
  • Можност за отфрлување состојки од рецепт при книжење на документи
  • Обработка на пописи со кусоци и вишоци
  • Печатење на декларации/налепки за секој артикал

Интереси на шефови на сметководство:

  • Можност за контролиран трансфер на податоците од материјално во финансии
  • Вграден систем за хиерархија и контролиран достап до податоци зависно од овластувањата на операторот
  • Голем избор на критериуми по кој се врши доделувањето на конта на залиха
  • Можност за креирање на сопствени модели на контирање за секоја комбинација од документ + намена
  • Можност за избор на методи на издавање на робата: фифо, лифо, најскап, најефтин и автоматска обработка на отстапување од просечни цени
  • Корекција на цени во влезни документи со автоматско рекалкулирање на сите документи кои потекнуваат од нив

Интереси на директори:

  • Комерцијални извештаи за топ продажба по артикли, комерцијалисти , фирми
  • Тренд анализа на набавка и продажба по месеци

Изборот на документи кои одговараат на работењето на фирмата го врши корисникот:

Приемница (влезна фактура од добавувач)*

ПЛТ магацин (праќање роба од магацин во продавн.)*

УЦД прием (влезна фактура од увоз)

ПЛТ магацин (праќање роба од магацин во продавн.)*

Спроводница / требување

ПЛТ фирма (директен влез на роба во продавница)*

Спроводница калкулација со прод. цени

Нивелација на цена во продавница

Испратница-фактура од магацин*

Фискална сметка од продавница

Шпедитерска испратница-фактура

Дневен пазар од продавница*

Преработница

Фактура од продавница

Производство по рецепти

Транзит (влезна и излезна фактура истовремено )

Нарачка

Попис, кусок, вишок

Утрошок по рецепти

Прием на деривати

Дневен пазар од ресторан по рецепти

Испорака и фактура за деривати

Фактура од ресторан по рецепти

Калкулација на деривати со акциза

Профактура

 
  • Документите со * имаат дополнителна опција повратница.
  • Сите документи имаат опција намена која овозможува нивна поделба по основи кои корисникот сам ги дефинира.
  • Во сите влезни документи и излезни документи кои имаат продажба има опција за рабат
  • За сите документи може да се испечати калкулација со конта или обичен документ за примо-предавање на роба, а за продажните и фактура.

Список на прегледи кои се добиваат од апликацијата:

Промет

  • за еден материјал
  • FIFO/LIFO
  • промет за конто
  • промет за налог
  • промет по артикал
  • евиденција за трговија

Реализација

  • по документ
  • по материјали
  • по услуги
  • за фирма
  • тотали
  • по групи материјали/услуги

Состојба

  • залиха
  • количински
  • вредносно
  • за еден материјал
  • лагер листа
  • рок ма минување
  • изминат рок

Топ продажба

  • по артикли
  • по купувачи
  • по комерцијалисти

Графичка анализа

  • набавка/продажба