АПЛИКАЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБА НА ГАРАНЦИИ


Апликацијата за следење на состојба на гаранции, е наменета за евидентирање
на сите декларации кои задолжуваат или раздолжуваат одредена гаранција со што се
добива детален увид во зафатеноста на гаранцијата за период.
Апликацијата овозможува следење на состојбата на повеќе гаранции одеднаш.
За таа цел потребно е во системот да се евидентираат сите гаранции кои сакаме да ги
следиме, нивниот број и износот. При тоа во декларцијата која ја задолжува
гаранцијата се наведува точниот број на гаранцијата на која се однесува.

Податоците за декларациите кои ја задолжуваат гаранцијата, можат да се
внесат рачно или преку друг систем, автоматски да бидат внесени во базата на
податоци.

Со цел да се олесни работата на корисникот на апликацијата, во неа е
овозможено генерирање (печатење) на вирмани за плаќање на давачките за
декларациите. При овој процес за секоја од одбраните декларациите (само оние кои не се раздолжени) се генерира по еден вирман со што се овозможува деталност во плаќањето на давачките на ниво на декларација.