Апликацијата за Евиденција за поедноставенa постапкa Овластен Примач е наменета за лесно и прегледно водење на евиденција за стоки ставени во транзитна постапка, кои се примени  во  просториите на Овластен Примач, согласно ЦЗ и УСЦЗ во Р.Македонија.
Евиденцијата ги содржи сите основни податоци за идентификација и утврдување на природата на стоките, со што овозможува царинската администрација, а особено одредишниот царински орган да има целосен увид врз статусот на стоката од завршувањето на транзитната постапка до започнувањето на друг вид царински дозволено постапување.
 

Апликацијата нуди повеќе извештаи за увид во евиденцијата на Овластениот Примач:

  • Картица за број: сите податоци за приемот во евиденцијата на Овластениот примач за даден број;

  • Дневен извештај:  преглед на извршени активности во текот на еден ден или за еден одреден вработен или за сите вработени;

  • Книга на Овластениот  Примач:   краток   или детален  преглед  на  вкупна, евидентирана стока кај Овластениот Примач во даден период

  • Евиденција:  извештај   за   примена   стока   кај  Овластениот  Примач,   преку регистарскиот број и датумот на царинските декларации.

  • Преглед по возила: помошен преглед кој овозможува увид во евиденцијата според регистрациите на возилата со кои е пристигната стоката во даден период

  • Преглед за период: квантитативен увид во состојбата на стоката за даден период, со можност за детален приказ или сумарен приказ по ден-недела-месец-година

  • Преглед   на   Транзит   декларации:   преглед   на   Транзит   декларации   за избрана   година,   со   информации  за   појдовна   и   одредишна ЦИ,   главниот обврзник, датумот и времето на пратеното известување во Царина