Нашата софтверска програма за материјално работење претставува комплексно решение што опфаќа преку 100 видови на документи, обезбедувајќи прием на роба, дистрибуција, преработка и издавање на фактури. Ова решение е целосно прилагодено за потребите на компаниите кои се занимаваат со:
- Трговија на големо и мало во земјата и во странство
- Управување со бензински станици и маркети
- Сектор на угостителство
- Производствен сектор
- Услужни дејности
Софтверот ги задоволува интересите на сите нивоа на организацијата, вклучувајќи ги магационерите, продавачите, материјалните книговодители и шефовите на сметководство.
Главните карактеристики на овој софтвер вклучуваат:
- Брзо и лесно внесување на податоци со минимална употреба на глувче со што се зголемува ефикасноста на работењето, како и можност за работа со баркод
- Подеднаква можност за обработка на материјали и услуги
- Можност за задолжување на магацин преку испратница без пари и дополнителна обработка на цени од фактура
- Можност за печатење на една излезна фактура со избор на ставки од повеќе претходно изработени испратници
- Класификација на материјали и услуги која се користи во сите извештаи, залихи и пописи.
- Обработка на рабат во продавница со автоматска нивелација на задолжението
- Можност за автоматска изработка на повратница (програмот ги нуди документите со кои робата била примена/издадена)
- Можност за отфрлување состојки од рецепт при книжење на документи
- Обработка на пописи со кусоци и вишоци
- Печатење на декларации/налепки за секој артикал
Интереси на шефови на сметководство:
- Можност за контролиран трансфер на податоците од материјално во финансии
- Вграден систем за хиерархија и контролиран достап до податоци зависно од овластувањата на операторот
- Голем избор на критериуми по кој се врши доделувањето на конта на залиха
- Можност за креирање на сопствени модели на контирање за секоја комбинација од документ + намена
- Можност за избор на методи на издавање на робата: фифо, лифо, најскап, најефтин и автоматска обработка на отстапување од просечни цени
- Корекција на цени во влезни документи со автоматско рекалкулирање на сите документи кои потекнуваат од нив
Интереси на директори:
- Комерцијални извештаи за топ продажба по артикли, комерцијалисти , фирми
- Тренд анализа на набавка и продажба по месеци
Изборот на документи кои одговараат на работењето на фирмата го врши корисникот:
Приемница (влезна фактура од добавувач)* | ПЛТ магацин (праќање роба од магацин во продавн.)* |
УЦД прием (влезна фактура од увоз) | ПЛТ магацин (праќање роба од магацин во продавн.)* |
Спроводница / требување | ПЛТ фирма (директен влез на роба во продавница)* |
Спроводница калкулација со прод. цени | Нивелација на цена во продавница |
Испратница-фактура од магацин* | Фискална сметка од продавница |
Шпедитерска испратница-фактура | Дневен пазар од продавница* |
Преработница | Фактура од продавница |
Производство по рецепти | Транзит (влезна и излезна фактура истовремено ) |
Нарачка | Попис, кусок, вишок |
Утрошок по рецепти | Прием на деривати |
Дневен пазар од ресторан по рецепти | Испорака и фактура за деривати |
Фактура од ресторан по рецепти | Калкулација на деривати со акциза |
Профактура |
- Документите со * имаат дополнителна опција повратница.
- Сите документи имаат опција намена која овозможува нивна поделба по основи кои корисникот сам ги дефинира.
- Во сите влезни документи и излезни документи кои имаат продажба има опција за рабат
- За сите документи може да се испечати калкулација со конта или обичен документ за примо-предавање на роба, а за продажните и фактура.
Список на прегледи кои се добиваат од апликацијата:
Промет
- за еден материјал
- FIFO/LIFO
- промет за конто
- промет за налог
- промет по артикал
- евиденција за трговија
Реализација
- по документ
- по материјали
- по услуги
- за фирма
- тотали
- по групи материјали/услуги
Состојба
- залиха
- количински
- вредносно
- за еден материјал
- лагер листа
- рок ма минување
- изминат рок
Топ продажба
- по артикли
- по купувачи
- по комерцијалисти
Графичка анализа
- набавка/продажба