ФИЛОЗОФИЈА
Филозофијата на ЕУРЕКА Информатика се базира на една единствена приоритетна политика – да бидеме континуиран сервис за нашите клиенти и да растеме со нивните потреби. Посебно сме горди на фактот дека најголем дел од нашите клиенти доаѓаат по препорака.
ЗА НАС
Формирано во 1991 година, ЕУРЕКА Информатика е едно од првите претпријатија во информатичката дејност во Македонија.
Главната визија на претпријатието е да обезбедува континуиран информатички сервис (софтвер и софтверски решенија, ИТ консалтинг) за своите клиенти. Главни клиенти се производни и услужни претпријатија во Македонија. Во моментот клиентската база на ЕУРЕКА Информатика ја сочинуваат над 100 претпријатија, со кои има воспоставено деловни односи базирани на доверба и навремено и квалитетно решавање на информатичките проблеми со кои се соочуваат клиентите. Софтверите на ЕУРЕКА Информатика се имплементирани во трговски, производни и услужни претпријатија:
o Трговија на големо и мало (во земјата и странство)
o Бензиски станици и маркети
o Угостителство (хотели и ресторани)
o Производство
o Услужни дејности
Софтверските решенија на Еурека Информатика претставуваат интегрирани софтверски модули кои покриваат разни сегменти од работењето на компанијата: маркетинг и продажба, операции и производство, финансии и сметководство. Предноста во користењето на вакви интегрирани решенија е постигнување ефикасност во работењето преку елиминирање на потребата за повеќекратен внес на податоци, како и преку богатиот избор на релевантни извештаи за средниот и врвниот менаџмент во компаниите.