Апликацијата за Јавни и Приватни Царински Складишта е наменета за лесно и прегледно водење на евиденција за работата на еден или повеќе Јавни или Приватни царински складови, како и за водење евиденција за Простории за привремено чување. Во неа се опфатени сите аспекти од работата на складови од тип A, C или D и Простории за привремено чување според позитивните законски прописи кои важат во Р.Македонија : прием на стока според царински документи, разни вообичаени форми на ракување кои може да се јават во врска со примената стока, евиденција на извршени дополнителни услуги, делумно или целосно искладиштување на стока со можност за нејзино префрлање во обичен склад (заедничко чување), како и изработка на фактури за извршените услуги. При пријавување за секоја стока се доделува уникатен магацински број по кој таа може да се референцира низ апликацијата. Во текот на престојот во складот врз стоката може да се извршат повеќе вообичаени форми на ракување, а врз основа на добиен царински документ. Апликацијата нуди можност за детален увид во сите промени во податоците, вклучувајки ги при тоа и корекциите на погрешно внесени податоци. Стоката во текот на престојот во складот може да се задолжува и со дополнителни услуги кои ги нуди складиштарот. Кои услуги се нудат и по која цена дефинира складиштарот во опцијата Ценовник. Со посебна опција за евидентирање на склучени договори со коминтенти е овозможено доделување посебни услови за плаќање за одредени или за сите услуги за еден коминтент. Излезот на стока може да биде еднократен или дел по дел. Доколку сопственикот не ја подига стоката веднаш овозможено е нејзино автоматско префрлање во евиденција во некој од обичните складови за заедничко чување При излез на стока е овозможено автоматско генерирање на фактура за сите услуги направени за магацинскиот број до тој момент. Апликацијата нуди можност за печатење на потврда за секоја од погоре наведените активности и тоа на А4 или на А5 формат на хартија по желба на корисникот. Евиденција на искористеност на Гаранција Од аспект на водење Евиденција за искористеност на Гаранцијата, апликацијата нуди два начина за пресметка на искористеноста и тоа:
Извештаи и прегледи За увид во состојбата на стоките во складот на располагање се повеќе прегледи и извештаи и тоа :
|