Апликацијата за хотелско работење содржи неколку модули и тоа :
- Рецепција
- Агенција
- Ресторан
- Продавница
- Фитнес
- Тенис
- Менувачница
Корисниците на апликацијата се поделени по профили, според кои се дефинира и главното мени при логирање во апликацијата. Во сите модули има можност за неограничен број на типови на цени на материјали и услуги. Ценовниците за материјалите и услугите се со период на важење.
Рецепција
Модулот за рецепција овозможува :
- Евиденција на резервации (со статус на пред резервација, резервација и откажана резервација), можност за внес на лица во момент на резервација, печатење на профактура.
- Графички преглед на резервациите според типови на соби со месечен приказ (од каде директно може да се отвори резервацијата и да се направи пријава), преглед за период со детали за соба, цена, пансион и сл., календар за соби, календар за период, преглед на слободни соби со избор на период, моментална зафатеност.
- Евиденција за чисти соби, автоматско означување на нечиста при одјава, автоматско означување по период на некористеност дефиниран од корисникот и печатење на преглед.
- Дефинирање на групи и договорена цена за престој независно од типот на соба во која ќе се пријави гостинот.
- Пријава на гости со и без резервација, со и без група, пријава во валута и денари (со напомена дека ценовникот е во денари), можност за рецепционер да даде попуст или зголемување на цената во момент на пријава.
- Можност за промена на соба, цена и пансион по пријава на гостин.
- Задолжување на услуги (минибар (детално или општо)), перална и било која услуга која објектот ја нуди на гостите), автоматско задолжување на гостин или група од ресторан или било кој друг сектор/модул во објектот.
- Префрлање на услуги од гостин/соба на гостин/соба.
- Одјава на гостин, соба и група, сметка со можност за користење на капар, попуст, мешана наплата (готовина, картица и сл.)., печатење на сметки/одјави детални, збирни, спецификации на услуги, престој по денови, можност на одјава на повеќе соби на една сметка.
Агенција
Модулот за агенција овозможува :
- Организација на настани.
- Наем на простор во објектот (водење на резервации за услугите кои означуваат наем на ресурс (сала, опрема, лице), графички преглед за истите (дневен или неделен), дефинирање на мени за настанот кое што автоматски се превзема во ресторанот.
- Дефинирање на неограничен број на услуги ценовник за истите.
- Преглед на настани за период, сметка со можност за користење на капар, попуст, мешана наплата (готовина, картица и сл.).
- Одложено плаќање од било кој модул.
Ресторан
Модулот за ресторан овозможува :
- Внес на материјали, нивно двоење по групи според менито на корисникот, ценовник според тип на цена.
- Можност за работење со и без залиха и водење на евиденција на приеми.
- Нарачка (редовна или според договор во агенција), печатење на маркери според тип на материјал ( пр. храна се печати во кујна, пијалок на бар).
- Маркирање на пансион.
- Нарачка од таблет.
- Сметка со можност за користење на капар, попуст, мешана наплата (готовина, картица и сл.) и сметка по тип на цена.
- Брза сметка (нарачка и сметка во едно).
Продавница
Модулот за продавница овозможува :
- Внес на материјали (цигари, сувенири и сл.) нивно двоење по групи , ценовник според тип на цена.
- Сметка со можност за попуст.
- Брза сметка (нарачка и сметка во едно).
Фитнес
Модулот за фитнес овозможува :
- Евиденција на членови на клуб и членски картички.
- Евиденција на влез/излез.
- Евиденција на издавање на асесоари (клучеви, пешкири и сл.).
- Резервација на простор, лице и соодветен графички преглед.
- Дефинирање на услуги, ценовник според тип на цена.
- Наплата со можност на мешана наплата, попуст.
Тенис
Модулот за тенис овозможува :
- Евиденција на членови на клуб и членски картички.
- Резервација на простор и соодветен графички преглед.
- Дефинирање на услуги, ценовник според тип на цена.
- Наплата со можност на мешана наплата, попуст.
Менувачница
Модулот за менувачница овозможува :
- Влез, излез на денари и валута и печатење на законски образци.
За сите модули е овозможено автоматско фактурирање и тоа за секој сектор посебно или збирно. Во автоматското фактурирање се избираат сите или дел од сметките за дадена фирма, при што системот ги преведува во однапред дефинирани услуги за фактурира, можност за секоја фактура да се промени или дополни описот на услугата, печатење на фактура и спецификација. За агенција и ресторан е овозможено издавање на сметка за капар и нејзино користење во крајната сметка.