Нашата апликација за финансиско работење е-ФИК е револуционерен програм за ефикасно финансиско книговодство во кој комплетно се покриени потребите на стандардното книговодство во Македонија, овозможува автоматско книжење на данок, детална даночна анализа и добивање на готов ДДВ04 образец за УЈП, паралелна обработка на податоци во денари и евра по дневен курс, комплетно девизно работење со подготовка на КИП и КИО обрасците за НБМ, автоматско и рачно затворање на побарувања и плаќања, салдирани плаќања, можност за креирање на сопствени модели на биланс на состојба и биланс на успех, употреба на економски единици и места на трошок при книжење…
ВЛЕЗ Целокупниот внес на податоци во апликацијата се одвива на едно место, со опцијата за внес на налог. Овозможено е книжење на конто со противконто со еден чекор со автоматска пресметка на данок за контата кои претставуваат даночна основица. Олеснето е затворањето на фактури со можноста за распределба на плаќањата при самиот внес. Апликацијата врши автоматско затворање на фактури при книжење на налог, а овозможено е и рачно затворање со избор на конто и корисник. Вградено е и девизно работење.
ИЗЛЕЗ Апликацијата има екстензивен сет на извештаи и анализи. Сите прегледи кои ги нуди апликацијата се со избор на македонски и на англиски јазик.
- Состојба аналитика (аналитичка картица) – за конто + корисник – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период
- Аналитика ИОС – и– за конто + корисник – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – постари од 45 / 60 / 90 дена – стандардна – по документ
- Состојба синтетика– за конто – за корисник – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок)
- Состојба вкупно– за конто – од / до корисник – од / до месец – за еден / сите градови – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период
- Биланси– од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период – едноцифрени / троцифрени / комплет
- Даноци вкупно– за тип документ – од / до месец – образец ДДВ04 – анализа по налози
- Девизна аналитика– за конто + корисник – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период
- Девизна состојба вкупно – за конто – од / до корисник – од / до месец – за една / сите држави – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период
- Извештаи по меѓународни стандарди – биланс на успех – биланс на состојба – готовински тек – графички приказ на приходи/расходи