За Еурека

Еурека Информатика е во развој на изработка на нови софтвери кои што ќе служат за изработка на царински декларации и комуникација со новиот електронски систем на Царина (СОЦДАД и ИТО). Воедно има нов софтвер за комерцијално фактурирање (поврзување со декларација, пресметка на трошоци, влезни фактури), и нов софтвер за евиденција на гаранција (задолжување, раздолжувањеплаќања, евиденција на состојба).

Во моментот системите на Царина се пуштени во тест фаза и најавуваат дека од крај на јануари 2019 ќе стартува тест пилот проектот на неколку испостави и изработка на царински документи преку новиот систем. 

СОЦДАД е Систем за обработка на декларации и акцизни документи каде што ќе се изработуваат увозни/извозни, акцизни и пропратни документи при истите процедури. 

ИТО е Интегрирана тарифна околина и ќе има главна улога за проверка на тарифа, мерки и пресметка на давачки од каде што системот СОЦДАД, а и новиот софтвер на Еурека ќе ги превзема пресметките. 

Главните функционалности на новите софтвери се: 

А) Изработка на Царински документи 

  1. подготовка и праќање повеќе типови ЕЦД-а (увозни, извозни, транзитни) кон Царина
  2. пресметка на давачки, користејќи го системот ИТО (Еурека не прави пресметки туку го користи ИТО системот на Царина)
  3. печатење соодветни обрасци
  4. праќање корекции
  5. откажувања
  6. останати пропратни документи кои што може да бидат потребни за една комплетна царинска декларација.
  7. Изработка на декларации од царинска фактура со опција за вчитување на excel фајлови од Ваши клиенти и изработка/генерирање на царинска декларација директно од фактурата

Б) Гаранции и нивна евиденција се однесува на проверка, задолжување/раздолжување, книжење на давачките спрема Царина превземани од изработените декларации. 

В) Комерцијални фактури кои што може да бидат директно поврзани со изработени декларации, да се пресметуваат влезни трошоци, да се користат соодветни услуги, евиденција и поделба по позиции за проверка на успешност и сл.

Во софтверот за Царинско работење се земени во предвид повеќе типови на декларации и тоа:

  • CC015B – транзитна декларација 
  • CC515A – извозна декларација 
  • CC615A – извозна збирна декларација 
  • IMD15A – увозна декларација 
  • CC315A – увозна збирна декларација

како и повеќе пропратни документи, усна увозна/извозна декларација, поднесување special credit, поднесување на магацински коментари, SLAR регистрација, поднесување на манифест, царинска фактура и сл.

Во новиот софтвер се работи на начин така што, по изработување на документот се потпишува со електронски потпис кој потоа директно се праќа во Царина преку нивните CDEPS и EDI сервиси каде што софтверот комуницира со електронска размена на пораки.

Упатство за изработка на новите ЕЦД-а ќе биде објавено од страна на Царина, а секако и Еурека Информатика ќе има упатства за пополнување и појаснување на рубриките во нашиот софтвер. Сепак, правилниот начин на изработка на царинска декларација треба да се протолкува од Уредбата за пополнување на ЕЦД.

Како и досега во апликациите на Еурека, во новиот софтвер ќе Ви бидат достапни голем број на прегледи кои што може да ги користите за проверки, анализи, статистика и евиденција за Вашата шпедиција и прилагодување на истите според Вашите потреби.

Минимални технички предуслови за правилно функционирање на апликацијата NICR до 5 корисника се:

Сервер

  • 4 јадрен процесор (2.0Ghz)
  •  4GB RAM – 500GB HDD 
  • Win7, Win8, Win8.1, Win10, Win Server 2012, Win Server 2016

Клиент компјутер 

  • 2 јадрен процесор (2.0Ghz) 
  • 4GB RAM 
  • 500GB HDD 
  • Win7, Win8, Win8.1, Win10 
  • електронски потпис

Новиот софтвер со новиот систем на СОЦДАД не може да комуницира со компјутери кои имаат оперативен систем Windows XP за кој што веќе нема поддршка и користи постари, небезбедни технологии.

За специјални услови со повеќе сервери, испостави, корисници, најдобро е да се консултирате со тимот на Еурека за точни информации и спецификации.

Доколку Ви се потребни било какви дополнителни информации и појаснувања околу новиот систем може да не контактирате на мејлот info@eureka.com.mk или на телефоните 02/520-40-40 и 02/511-40-40.

Tags:

Comments are closed